Narkomanija
Vrsta: Seminarski | Broj strana: 16
Кратка содржина
Вовед
......................................................................................................3
Состав и дејство на дрогата................................................................5
Видови
дрога..........................................................................................6
Канабиноиди (канабис дроги)
...........................................................7
Социолошко-криминолошко сфаќање за појавата,
ширењето и злоупотребата на
дрога.......................................................................10
Општествени субјекти и остварувањето на
превенцијата..........11
Специјализирани медицински и други здравствени
установи..................................................................................................14
Заклучок.................................................................................................15
Користена литература.........................................................................16
Вовед
Брзиот развој на цивилизацијата доведе до
одредени промени во општествениот живот, така што одредени општествени формации
започнаа да ја губат својата основна функција. Еден од основните сегменти,
семејството, кое е основна клетка за воспитување на младите, ја губи својата
функција. Воспитно-образовниот процесс се сведува само на образовен, без да ја
применува својата втора функција - воспитанието.
Темпото и динамиката на денешното живеење,
секојдневните грижи, нерешените проблеми го заморуваат човекот. Тоа уште повеќе
е изразено кај младиот човек, кој со своето скромно животно искуство, во голем
број случаи, решението и утехата за своите проблеми го пронаоѓа во дрогата.
Дрогите низ историјата и денес првенствено се
употребуваат како лек, пред се природните дроги и воопшто нивната употреба во
фармацијата и индустријата за лекови е голема. Во оваа смисла дрогата има
благотворно дејство.
“Меките дроги” кои во исклучителни случаи како
средство за смирување болка, несоница, но во умерени количини, не создаваат
зависности, се употребуваат и за задоволство, за создавање на релаксирачка
состојба, ослободување од напнатост, како пат и средство за ослободување од
нерешливите животни проблеми. Сепак, предоминантно дрогите претставуваат
зависност. Тргнувајќи од фактот, дека дрогите (природните) првенствено се
лекови, во овој случај се работи за погрешна примена на дрогата, за нејзина
злоупотреба бидејќи не се употребува како лек, туку како средство што треба да
разреши кај човекот некои други проблеми. Таквата злоупотреба создава
зависност, која со себе носи многу тешки последици за една личност, на физички
и психички план: придонесува таа да се отуѓи, да се дезинтегрира од
општеството.
Злоупотребата на дрогата не е откритие на
денешницата.
Уште од раниот палеолитски период (40.000 -
10.000 години пред нашата ера), преку “хипи” движењето од времето на 60-те
години на ХХ век, до ден денес, и притоа зафакајќи ги речиси сите земји во
светот, злоупотребата на дрога го следи човекот како сенка.
Феноменот дрога можеме да го анализираме како:
масовна социо-патолошка појава; сериозен загрозувач на физичкото и менталното
здравје на човекот; криминална дејност; нарко-криминал како организиран
криминал од меѓународни рамки; криминоген фактор кој има сериозни последици од
материјално-финансиска природа - создавање нечисти пари односно нечист капитал
и перењето пари, како нов облик на современо кривично дело.
---------- OSTATAK TEKSTA NIJE PRIKAZAN. CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ----------
MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: maturskiradovi.net@gmail.com
besplatniseminarski.net Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.besplatniseminarski.net, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!